epa-efe
Болница во Италија /Фото: EPA

Зачестиле нападите врз лекари во Италија, карабинери ќе стражарат во болниците

Полицијата се враќа во италијанските болници, откако во изминатите месеци зачестиле случаите на физички напади врз лекари, соопшти италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси.

Ова е првпат по децении да биде дозволено полицијата да биде распоредена во италијанските болници. Во 20-от век, во неколку наврати имало постојани полициски екипи во некои поголеми болнички центри и во пофреквентни соби за итни случаи. Сè почестите напади врз лекарите и болничарите, особено од ужалените роднини, често придружени со вандализам во здравствените објекти, ги наведоа властите да ги вратат униформираните и вооружени полицајци во болниците. Според министерот, нивното присуство треба да ги одвраќа потенцијалните насилници.

Пиантедоси најави дека ќе започне од главниот град Рим и постепено ќе продолжи во другите поголеми градови. Судејќи според пишувањата на медиумите, Неапол и Палермо предничат во насилните напади врз медицинскиот и парамедицинскиот персонал, „фрлајќи го“ Рим на третото место, но инциденти од овој тип не недостигаат и во другите поголеми италијански градови.

Во Рим, болниците и многу амбуланти (структури од типот на здравствени домови, со неколку специјализирани амбуланти и најмногу со лабораторија) имаат најмалку еден вооружен чувар, обично веќе на портата. Сепак, овластувањата на чуварите се значително помали од оние на полицијата. Згора на тоа, и тие знаеле да бидат сериозни жртви на нападите не толку од луди зависници, туку од гневни роднини, убедени дека тој има право да бара и да ја наметне својата „херојска правда“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот