
Забрането овошје во бременоста: Три вида на кои треба да внимавате
Овошјето често е прва препорака кога станува збор за здравата исхрана, особено во бременоста. Но, иако повеќето овошја се полни со витамини, минерали и влакна, постојат некои видови кои трудниците би требало да ги избегнуваат.
Препорачано
Одредени овошја можат да предизвикаат непријатни несакани ефекти, па дури и сериозни компликации, како што се вагинално крвавење или спонтан абортус. Во продолжение дознајте кое овошје се смета за забрането во текот на бременоста и како безбедно да уживате во неговите благодати додека го чекате своето бебе.
Папаја
Папајата често се наоѓа на врвот на листата на забрането овошје во бременоста. Причината за тоа е присуството на латекс во незрелите или полузрелите плодови. Латексот може да предизвика предвремени контракции на матката, што е особено ризично во раната бременост.
Од друга страна, зрелата папаја е богата со витамини и железо, па ако е целосно зрела и се консумира во умерени количини, може да биде безбедна. Сепак, незрелата папаја мора да се избегнува.
Ананас
Ананасот содржи бромелаин. Станува збор за ензим кој може да го омекне грлото на матката и потенцијално да предизвика предвремени контракции. Затоа ананасот често се вбројува меѓу забранетите овошја за трудници, особено во првото тримесечје. Покрај тоа, ананасот може да предизвика дијареја (пролив), што дополнително го исцрпува организмот на трудницата.
Ако не можете да му одолеете, ограничете ја количината на мошне мали порции и не го јадете често.
Грозје
Иако грозјето е богато со антиоксиданти, препорачливо е да се внимава со неговото консумирање во последното тримесечје од бременоста. Грозјето може да предизвика зголемено создавање на топлина во телото, што не е идеално за трудници.
Во поголеми количини, особено ако се јаде секојдневно, може да предизвика непријатност и можни компликации, па затоа и тоа често е означено како овошје што треба да се избегнува во бременоста.
Кое овошје е безбедно за трудници?
Иако постои овошје кое се смета за ризично во бременоста, тоа не значи дека треба да се избегнува секое овошје. Напротив, некои видови се исклучително корисни и се препорачуваат во секојдневната исхрана:
Лубеница – Поради високиот удел на вода, лубеницата помага во хидратацијата и одржувањето на електролитниот баланс.
Банани – Бананите се извор на енергија, помагаат во спречување анемија и одржување здрава дигестија.
Портокали – Ова овошје е богато со витамин Ц и е одлично за зајакнување на имунитетот.
Авокадо – Извор на здрави масти и фолати кои придонесуваат за развојот на мозокот на фетусот.
Јаболка – Богати со влакна, калиум и витамини.
Клучна е умереноста
Најважно е да се нагласи дека секое овошје, дури и она што е препорачано, треба да се консумира во умерени количини. Едно овошје дневно или комбинација од помали количини заедно со оброк е доволно за трудницата да ги внесе потребните хранливи материи, а притоа да не го загрози здравјето.