Фото: Anna Bizo / Alamy / Alamy / Profimedia

Забранета во повеќе барови: Ова е најсмртоносната караоке песна

Верувалe или не, постои караоке песна која, статистички, е најсмртоносната караоке песна, пишува „ЛедБајбл“.

А, за која песна станува збор? Една од најпопуларните песни на сите времиња – „My Way“ на Френк Синатра.

Оваа балада од 1960 година предизвикала неверојатно мрачен феномен. Во текот на изминатите неколку децении, имало голем број инциденти поврзани со таа песна на Филипините. Од 1998 година, се верува дека десетина луѓе ги загубиле животите на песната „My Way“.

Еден од инцидентите се случил во 2007 година, кога 29-годишниот Роми Балигула бил убиен од 43-годишниот чувар Робилито Ортега во бар во Сан Матео. Наводно, Балигула бил на половина од песната, кога се вмешал чуварот и му рекол да престане бидејќи пее неконтролирано. Но, откако ги одбил строгите наредби, тој продолжил да ја пее песната, што го натерало чуварот да извади револвер и да го застрела човекот директно во градите.

Насилството станало толку раширено што некои барови дури и ја отстраниле песната од нивните караоке машини, бидејќи стравувале дека тоа може да предизвика дополнителни проблеми.

Иако имало мало затишје кога станува збор за инцидентите, во 2018 година еден повозрасен човек бил трагично избоден со нож на роденденска забава. Тој се обидел да ја отпее песната, но бил спречен од друг маж и завршил со нож во градите.

Изведувачот на песната, Френк Синатра / Фото: Профимедиа

Размислувајќи за овој мрачен феномен, поткастерот Мистер Бален објасни: „Има една песна на Филипините, за која се знае дека не се пее. Всушност, оваа песна често е забранета во повеќето караоке барови, па дури и кога не е забранета, никој не ја пее. А причината поради која оваа песна е забранета е затоа што од 1998 година, луѓето кои ја пееле биле убивани“.

Според него, оваа песна има силна машка енергија, која ги предизвикува луѓето да се однесуваат насилно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот