Ученици со мобилни телефони - Фото: pexels-rdne

Забраната за мобилни телефони во холандските училишта ја подобрила концентрацијата кај учениците

Забраната за употреба на мобилни телефони и други електронски уреди во училиштата во Холандија имала позитивно влијание врз учениците, според нова студија нарачана од холандската влада, пишува „Ројтерс“.

Три четвртини од 317 анкетирани средни училишта изјавиле дека одлуката за отстранување на мобилните телефони од училниците довела до подобра концентрација на учениците за време на часовите. Покрај тоа, речиси две третини од училиштата пријавиле подобрување на социјалната атмосфера меѓу учениците, а една третина од училиштата забележале и подобрувања во академските перформанси.

Државниот службеник за основно и средно образование, Мариел Пол, истакна дека резултатите се охрабрувачки: „Помалку одвлекување на вниманието, повеќе внимание на час и подружељубиви ученици. Забраната за мобилни телефони во училниците носи одлични резултати. Одлично е што училиштата работат на тоа ова да функционира.“

Забраната стапи на сила на 1 јануари 2024 година и се однесува и на основните и на средните училишта. Иако учениците од основно училиште обично почнуваат да носат мобилни телефони во завршните години од школувањето, истражувањата покажаа дека влијанието на забраната во тие одделенија било занемарливо, објави „Ројтерс“.

Повеќето училишта сè уште дозволуваат исклучоци во случаи кога електронските уреди се неопходни од медицински причини, како на пример за употреба на слушни апарати поврзани со мобилен уред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот