фото: EPA-EFE/VINCENT MIGNOTT

За само една година: Беа премиерлигаши, а сега испаднаа во третиот ранг на Англија

Минатогодишниот тим од Премиер лигата, Лутон таун, испадна од Чемпионшип и од следната сезона ќе игра во Лига еден, односно третата фудбалски лига во Англија.

По вкупно 46 одиграни кола Лутон таун го освои 22 место со 49 бодови, или учинок од 13 победи, 10 нерешени и 23 порази.

Лутон им се приклучува на Кардиф и Плимут, додека Хал, Престон и Дерби успеаја да избегнат испаѓање.

Она што дополнително ја влошува ситуацијата за Лутон е фактот дека тие станаа само четвртиот тим во историјата на англискиот фудбал што доживеал двојно испаѓање – од Премиер лигата директно во третата лига.

Првиот клуб што го доживеа ова беше Свиндон во 1995 година, по што следеа Вулверхемптон во 2013 година и Сандерленд во 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот