Фото: pexels-pixabay

За половина од емисиите на јаглерод диоксид на планетата се одговорни 36 компании

Половина од емисиите на јаглерод диоксид на планетата, кои предизвикуваат и забрзуваат климатски промени, доаѓаат од фосилни горива произведени од само 36 компании. Ова го покажа анализата на InfluenceMap.

Извештајот покажа дека 36 големи компании за фосилни горива, вклучително и „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco), „Коал Индија“ (Coal India), „ЕксонМобил“ (ExxonMobil), „Шел“ (Shell) и голем број кинески компании, произвеле јаглен, нафта и гас кои биле одговорни за повеќе од 20 милијарди тони емисии на јаглерод диоксид во 2023 година. Интересно е што 2023 година беше најтоплата година во историјата до 2024, кога повторно беше срушен рекордот.

Доколку „Сауди Арамко“ беше држава, таа ќе беше четвртиот најголем загадувач во светот по Кина, САД и Индија, додека „ЕксонМобил“ е одговорен за приближно исто количество на емисии како и Германија, деветтиот најголем загадувач во светот, пишува „Гардијан“.

Меѓу 36-те компании одговорни за половина од глобалните емисии во 2023 година се државните компании како „Чајна Енерџи“ (China Energy), Националната иранска нафтена компанија, рускиот „Газпром“ и „Аднок“ (Adnoc) ид Обединетите Арапски Емирати.

Компании во сопственост на акционери во таа група ги вклучуваат „Петробрас“ (Petrobras), со седиште во Бразил, и „Ени“ (Eni) од Италија.

Извештајот ги вклучува емисиите ослободени од согорувањето на јаглен, нафта и гас произведени од 169 големи компании во 2023 година, а базата на податоци ги вклучува и емисиите од производството на цемент, кои се зголемени за 6,5 отсто во 2023 година.

Во исто време, јагленот е извор на 41 отсто од емисиите забележани во 2023 година, нафтата 32 отсто, а гасот 23 отсто.

– И покрај глобалните климатски обврски, мала група од најголемите светски производители на фосилни горива значително го зголемуваат производството и емисиите. Истражувањето го истакнува несразмерното влијание на овие компании врз климатската криза и ги поддржува напорите за воведување на корпоративна одговорност – рече истражувачот Емет Конер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот