
За оваа жена денеска зборува целиот свет: Поради нејзината невозвратена љубов, Папата Франциск станал свештеник
Како дванаесетгодишник, тогаш младиот Хорхе Марио Бергољо, денес попознат како папата Франциск, доживеал љубовно разочарување за кое многумина тврдат дека во голема мера го обликувал неговиот живот. Пред да стане поглавар на Католичката црква, папата Франциск доживеал младешка љубов која засекогаш го одбележала неговиот живот, а со оглед на тоа дека таа била невозвратена, тој одлучил да стане свештеник.
Препорачано
Папата Франциско, роден како Хорхе Марио Бергољо, остави зад себе неизбришливо наследство. Меѓутоа, зад неговиот религиозен повик се крие една малку позната приказна која длабоко го одбележа неговиот живот, младешка љубов која влијаела на неговата одлука да тргне по патот на свештенството.
Amalia Damonte, el gran amor del papa Francisco antes de dedicar su vida a la religión https://t.co/RlsdxaMSSz
➡ El pontífice, que vivió una historia de amor con la argentina en la infancia, intercambió correspondencia con ella durante varios años
— 20minutos.es (@20m) April 21, 2025
Амалија Дамонте, сосетка и пријателка од детството на младиот Хорхе во Буенос Аирес, била таа што ја споделила оваа приказна со аргентинските медиуми кога тој бил избран за папа.
Како што раскажувала во тоа време и двајцата имале скромно детство, исполнето со улични игри, едноставни танци и длабоко ценење за вредноста на солидарноста и љубовта кон оние на кои им е најпотребна.
„Тој беше големо, зрело, прекрасно момче.Игравме на тротоарите или во локалните паркови, танцувавме“, се присетила Амалија во таа прилика.
На 12-годишна возраст, Бергољо не можел да замисли живот посветен на црквата. Напротив, тој сонувал да основа семејство со Амалија. Тој дури и напишал писмо со јасно ветување, дека ако таа не се согласи да се омажи за него, тој ќе стане свештеник.
Amelia Damonte, el gran amor del papa Francisco antes de ser pontífice: “Si no me caso con vos, me hago cura” https://t.co/tDynuUyh8P
— Informativos Telecinco (@informativost5) April 21, 2025
Одговорот, сепак никогаш не бил потврден. Мајката на Амалија го видела писмото, па жестоко ја казнила и ѝ забранила секаков контакт со младиот Хорхе.
Извесен период одржувал контакт со Амалија преку писма, но судбината ги одвела на различни патишта.
Семејството Бергољо се преселило, а набргу потоа и семејството Дамонте. Амалија основала свое семејство, додека Хорхе Марио целосно го прифатил својот религиозен повик.
Неколку децении подоцна, таа зборуваше за младешката љубов:
„Мислам дека тој е многу разумен, а и јас сум таква. Јас сум многу скромна. Можеби би можеле да бидеме сродни души во таа смисла. Бидејќи сме многу скромни, ги сакаме сиромашните. Проблемот е што денес нема љубов кон сиромашните. Луѓето сакаат елегантна облека и ништо друго“.
Да потсетиме, папата Франциск почина вчера по кратко боледување на 88-годишна возраст.