
За оние кои го сакаат Божиќ: Се гради туристички комплекс во родното место на Дедо Мраз, ќе има капацитет за 4.000 гости
Рованијеми, главниот град на финска Лапонија и официјално родно место на Дедо Мраз, ќе добие нов туристички комплекс со капацитет за 4.000 гости. Проектот е поттикнат од сè поголемиот број посетители кои ја бараат магијата на Арктичкиот круг, пренесува „Yle“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Со ова се прави големо зголемување на сместувачките капацитети, бидејќи најголемите туристички центри надвор од градот, Пјакила и Апука, располагаат со вкупно околу 1.700 кревети.
Новата населба се гради среде шума, на крајот од макадамски пат, а првите викендички со неколку стотини кревети ќе бидат отворени уште оваа зима во Олeронвару.
Досега, недостигот од сместувачки капацитети во Рованијеми се решаваше со краткорочно изнајмување соби од локалните жители.
Плановите предвидуваат зачувување на шумската природа, при што дрвјата ќе се чуваат каде што е можно, а архитектурата на новите објекти ќе биде усогласена со околниот пејзаж.
Во моментов се работи на 20 градилишта, поделени на помали целини за различни компании. Ако проектот се реализира целосно, градот ќе остварува приход од закупнина од околу 150.000 евра годишно.