
За напад на новинари отсега се оди во затвор, законските измени поминаа во Собранието без опозицијата
По повеќе од една и пол година откако беше предложена, законската измена со која нападите врз новинари ќе се третираат исто како напад врз службени лица, денеска со тесно мнозинство беа усвоени во Собранието.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тој што ќе нападне новинар или друг медиумски работник при извршување на службата, отсега ќе се казнува од три месеци до три години затвор.
Предлогот беше директно доставен од новинарските здруженија, за што и бурно реагираа за бавното минување на процедурите во собранието.
Гласањето на предлог-измените помина без подрршка од опозициските партии. Со измените, се воведува и ново кривично дело „екоцид“, а делот за борба против измама за финансиски интереси се изедначи со Директивата на Европската Унија.
На гласањето претходеше и амандманот на двајцата пратеници од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов кои побараа измени, за да не можат лесно да застаруваат делата за корупција. Предлогот, според Апасиев, се однесува и за кривичното гонење и за извршувањето на казната, за што добија поддршка од собраниското мнозинство, но не и од опозицијата со што измените заминаа на комисиска расправа.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
11мин
-
37мин
-
56мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5