Основно јавно обвинителство - зграда / Фото: "Слободен печат" / Драган Митрески

За Ковачевски во Обвинителството „сè уште не е кренат степен на сомневање“ во случајот со Државна лотарија

Меѓу пријавените од Министерството за внатрешни работи (МВР) за проневера на пари на граѓаните во „Државната лотарија на Македонија“, се и експремиерот Димитар Ковачевски, како и генерален секретар на Владата Методија Димовски. Но, од Обвинителството за „СДК.мк“ велат дека се проверуваат индициите и доказите на МВР за вмешаноста на Ковачевски и Димовски, а во ЈО за нив „сè уште не е кренат степен на сомневање“.

„За експремиерот се проверуваат индициите и доказите на МВР проследени со пријавата. Сè уште во Обвинителството не е кренат степен на сомневање за пријавениот поранешен премиер и за поранешниот генерален секретар на Владата“, велат од Обвинителството за порталот.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прес-конференција денеска не го посочи директно Ковачевски, но рече: „Постапивме по кривична пријава добиена на 13 декември од Одделот за организиран криминал, а којашто е поднесена против осум физички лица, од кои едниот е поранешен премиер, другиот е вицепремиер, против директор на правно лице и поранешен генерален секретар“.

Обвинителството ги потврди информациите дека во акцијата за откривање на проневерата на над 8 милиони евра од ексдиректорот на „Државна лотарија“ Прпарим Бајрами, кадар на ДУИ, и од неговиот партиски шеф поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, МВР поднело кривична пријави и против поранешниот премиер Димитар Ковачевски и поранешниот генерален секретар на Владата Методија Димовски.

Против уште четворица осомничени е поведена постапка за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик. Тие се членови на комисија за јавни набавки на „Лотарија“. Сите осуммина заедно се осомничени дека преку злоупотреби проневериле над осум милиони државни евра.

Осуммина осомничени за милионски криминал во Државна лотарија, кривична и за експремиерот Ковачевски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот