шпанска пита

За брза вечера или лесен појадок, ви препорачуваме „Шпанска пита“

Некои ја викаат „Мрзлива пита“, некои едноставно си ја викаат „Шарена проја“, а во суштина овие варијации се една иста пита – а тоа е шпанската пита.

Интересно е што во основа, шпанската пита е микс од медитерански комбинации на состојки. Во неа има и кисели краставички и пиперка, што значи дека ако имате дома од оваа туршија – питата е полн погодок за да ја подготвите овој период.

И навистина, се прави брзо, а и се јаде исто така брзо. Не е ни чудо што во тефтерчињата на мајка ми стои со тоа име, дека е мрзлива пита и е брз појадок или вечера кога немаш идеја што да зготвиш…

Еве што е потребно за оваа шпанска пита:

  • 4 јајца
  • 1 мала лажичка сол
  • 200 мл масло
  • 400 мл млеко
  • 200 гр пченкарно брашно (не палента)
  • 200 гр пченично брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 200 гр кашкавал по ваш избор
  • 200 гр шунка
  • 100 грама сечкани кисели краставички
  • 100 гр сечкани црвени кисели пиперки

Подготовка:

Во длабок сад изматете ги јајцата со маслото, млекото и солта. Настрана измешајте ги брашната со прашокот за печиво и додадете ги во течната смеса. Кашкавалот и шунката исечкајте ги на ситни коцки и додајте ги во смесата, а сосема на крај краставичките и пиперките. Добро промешајте ја смесата и истурете ја во намастен плех. Печете 20 – 25 минути на 200 степени, додека добро не зарумени.

Може да ја послужите со јогурт за појадок, или пак за вечера.

Уживајте!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот