Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ - Пикси/фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

За Англичаните Пикси е најлош селектор на Европското првенство 2024

Англиските медиуми пишуваа за селекторите на претстојното Европско фудбалско првенство.

Според англискиот магазин и портал „FourFourTwo“ селекторот на српската репрезентација – Драган Стојковиќ Пикси е најлош од сите што ќе се најдат на континенталниот шампионат.

Потсетување дека Европското првенство ќе се одржи годинава во Германија, од 14 јуни до 14 јули.

Интересно, Србија на ЕП е во група токму со Англија, заедно со Данска и Словенија.

А токму во првото коло од групата „Ц“ ќе се сретнат Србија и Англија на 16 јуни од 21.00 часот во Гелзенкирхен.

На првото место е Дидие Дешан, селекторот на Франција, на втората позиција е италијанскиот селектор Лучано Спалети, а третопласиран е селекторот на германската репрезентација Јулијан Нагелсман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот