фото: принтскрин/facebook.com/rkvardar

Вуко Борозан го продолжи договорот со РК Вардар 1961

Ракометниот клуб Вардар 1961 и црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан постигнаа договор за продолжување на соработката.

Левиот бек ќе го носи дресот на „црвено-црните“ и во сезоната 2025/2026, што претставува големо засилување за амбициите на клубот во домашните и европските натпреварувања.

Борозан, кој повторно се приклучи на Вардар во 2024 година, со своето искуство, физичка доминација и разорен шут беше еден од клучните играчи во освојувањето на Куп титулата. Продолжувањето на договорот е доказ за заемната доверба меѓу играчот и раководството на клубот.

Во претходниот мандат ги тресеше мрежите како член на Вардар во периодот од 2016 до 2019 година, со клубот трипати беше шампион на Македонија, а има и по три титули во Купот и СЕХА лигата. По заминувањето од Вардар беше дел од тимот на Веспрем, Ал Араби и Ловќен.

Настапуваше и за репрезентацијата на Црна Гора во 2014, 2016 и 2024 година. Во 2017 година Борозан беше избран за „Спортист на Црна Гора“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот