Вучиќ по гласањето на резолуцијата за Сребреница: „Се гордеам со Србија“

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е горд на својата земја и Србите во соседните земји. Ваквата негова изјава доаѓа откако Обединетите нации ја одобрија резолуцијата за комеморација на геноцидот во Сребреница.

Српскиот претседател ја осуди резолуцијата, велејќи дека таа ја „понижува“ Србија и дополнително го дели регионот.

Вучиќ, исто така, истакна дека комбинираните гласови воздржани и „против“ – 87 – биле повеќе од 84-те гласови „за“.

„Гледате, ова е големо изненадување за многумина кои беа внатре во салата, иако им кажав, видовте на почетокот какви поделби ќе предизвика ова. На крајот, 87 од присутните во салата не гласаа за резолуцијата, 84 гласаа за. Во секој национален парламент тој предлог ќе мора да падне. Вреди да се забележи и тоа што 22 земји го прескокнаа состанокот и не гласаа, некои наводно поради спорот околу комеморацијата, рече Вучиќ.

Резолуцијата го утврдува 11 јули како „Меѓународен ден на размислување и комеморација на геноцидот во Сребреница во 1995 година“, кој ќе се одбележува секоја година почнувајќи од оваа година.

Резолуцијата, спонзорирана од Германија и Руанда, не ги споменува Србите како виновници.

И Србија и босанските Срби негираа дека се случил геноцид во Сребреница, иако за тоа има две пресуди на судовите во ОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот