
Вучиќ ги обвини „Европејците“ за апсењето на поранешни функционери осомничени за корупција
Претседателот на Србија Александар Вучиќ коментирајќи ги вчерашните апсења на 11 луѓе поради корупција за време на реконструкцијата на железничката пруга до границата со Унгарија, изјави дека тоа било „акција изведена на барање на Европјаните“ без да каже на кого мисли. Меѓу уапсените се поранешниот министер за градежништво Томислав Момировиќ и Горан Весиќ.
Препорачано
Зборувајќи на прес-конференција по завршувањето на седницата на Советот за безбедност, Вучиќ истакна дека обвинителството за гонење организиран кримнал „било охрабрено да ги уапси Весиќ и Момировиќ за ништо“ и дека за него тоа било скандалозно.
-Уапсивте тројца од весници и не го ни допревте четвртиот, кој го ставил потписот базирано на кој потпис, сите други го потпишале документот. Само објаснете ми како е тоа можно. Или тоа што пиете заедно со него по кафеани го ослободува од одговорност. Чудни работи, изјави Вучиќ.
За време на овие 9 месеци осомничените не избегаа, не влијаеа врз сведоци и нема да избегаат. Има четврта измислена причина во нашето право, која е пренесена на јавноста, додаде тој.
Според него, „сега странците одлучуваат кој ќе се најде зад решетки“.
-Ќе мора да ви кажат кои точно Европејци барале одредени лица да бидат уапсени. Бидејќи мислев дека ова е направено базирано на закон и Устав, а не по одобрение на некои амбасади. Затоа целата приказна за потребата од некакви избори, не е бидејќи некој мисли дека ќе ги добие тие избори, знаат дека нема да ги добијат изборите, но потребна е понатамошна продлабочена криза за да речат дека некој украл нешто, изјави Вучиќ.
Без да прецизира на кого мисли, тој рече дека „тие“ заборавиле дека Вучиќ не е Милошевиќ.
-Милошевиќ, беше пошармантен, попаметен и се друго. Јас сум малку повнимателен и пофундаментален во некои аспекти. Не сакам да кажам – похрабар дека сум, но не сум исплашен од нив. Ни од нив ни од нивните странски шефови. Така што фактот дека сум тивок и не одговарам на се не е зашто не знам нешто, туку зашто не сакам. И сакам да ја спасам нашата држава од нивната неодговорност и се друго. Така што на крајот се ќе биде под контрола, рече Вучиќ.