Александар Вучиќ / Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Вучиќ: Европратениците се навредиле што ги нареков „олош“, а јас за нив мислам уште полошо

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, оцени дека претставниците на опозициските партии кои денеска зборуваа во Стразбур покажале „недостаток на морален кредибилитет“.

Дел од претставниците на пет српски опозициски партии, кои денеска разговараа со членовите на Европскиот парламент во Стразбур за актуелната политичка состојба во Србија, побараа воведување санкции против претседателот Александар Вучиќ и други високи владини функционери.

Вучиќ, во гостување на телевизијата „Прва“, која е блиска го неговата власт, рече дека опозицијата отишла предалеку и дека нивното барање за воведување санкции против носителите на власта всушност е насочено против државата и народот. Според него, на претставниците на опозицијата „им недостасуваат план, програма и идеи“.

Вучиќ вели дека веројатно погрешил што ги нарекол европратениците на Европската зелена партија „олош“, откако присуствувале на студентскиот протест во Нови Сад, но потоа рече дека мисли многу полошо за нив.

„Велат дека сум ги навредил затоа што реков дека се олош. Да бидам сосема искрен – мислам многу полошо за нив. Но, дали погрешив што ги нареков така? Веројатно погрешив – претседател на држава не треба да го користи тој збор во јавниот дискурс“, рече Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот