Фото: Nedim Grabovica / Xinhua News / Profimedia

Вучиќ тврди дека е за компромис со Косово

Србија е против замрзнат конфликт, затоа што некој може да го одмрзне. Суштината на напредокот на Албанците и Србите е мирот – кажа Вучиќ.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по средбата со германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, изјави дека Србија е подготвена да го продолжи дијалогот со Приштина, кон кој ќе пристапи конструктивно во желба да се постигне компромисно решение. Хајко Мас порача дека неговата земја е свесна дека процесот на дијалог за нормализирање на односите со Приштина не е лесен, но смета дека тоа би бил придонес што ќе ги развие и економските предности.

– Србија е против замрзнат конфликт, затоа што некој може да го одмрзне. Суштината на напредокот на Албанците и Србите е мирот – кажа Вучиќ.

Тој потенцираше дека за Србија е важно да се исполни досега договореното, пред се, Бриселскиот договор и формирањето на Заедницата на српски општини.

Говорејќи за регионот, Вучиќ истакна дека Србија „ќе игра апсолутно конструктивна улога“, истакнувајќи дека не е заинтересирана за територии на другите, туку за соработка.

Потсетувајќи дека Германија го признала Косово како независно, тој рече дека таа земја е „силно заинтересирана“ за продолжување на дијалогот под покровителство на ЕУ.

Германскиот министер за надворешни работи изјави дека неговата земја е свесна дека процесот на дијалог за нормализирање на односите со Приштина не е лесен, но смета дека тој би бил придонес што ќе ги развие економските предности.

-Ние ја даваме секоја поддршка на тој процес и ги поддржуваме ЕУ и Мирослав Лајчак кои посредуваат во тој дијалог, кажа Мас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот