Вториот товарен брод со украинско жито пристигна во Истанбул

Фотографија ЕПА: Максим Шипенков

Вториот товарен брод со украинско жито пристигна денеска во Истанбул преку Црното Море, и покрај заканите на Москва дека ќе ги нападне бродовите што влегуваат и излегуваат од Украина, се наведува на веб страниците кои го следат поморскиот сообраќај.

Бродот „Аројат“ кој плови под знамето на Палау тргна во петокот од Черноморска кај Одеса.

Тоа е вториот брод што помина низ тој поморски коридор. Од страна на Киев беше воспоставен коридор долж западниот брег на Црното Море за да се заобиколи блокадата на Русија.

Според веб-страниците кои го следат поморскиот сообраќај, бродот „Аројат“ со 17.600 тони украинско жито, наменет за Египет, бил на јужниот излез од Босфор во Мраморното Море во 3 часот утринава. Бродот треба да се упати кон Дарданелите и понатаму кон Медитерано

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот