РЕК Битола Фото: „Слободен печат“, Весна Дамчевска

Вториот блок на РЕК Битола сè уште е исклучен, сомнежите за саботажа се истражуваат

Од Електростопанство се сомневаат на саботажа. Блокот од системот бил исфрлен поради зголемена температура, по појава на опожарени дрвени елементи во близина до орманот за електронско управување

Вториот од трите блока на РЕК Битола сè уште е исклучен од електроенергетскиот систем, по активирање на заштитниот механизам. Од Електростопанство се сомневаат на саботажа. Блокот од системот бил исфрлен поради зголемена температура, по појава на опожарени дрвени елементи во близина до орманот за електронско управување.

Првиот блок е на редовен годишен ремонт, а третиот е исклучен од мрежата поради намалената побарувачка од страна на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум, информираа од Електростопанство на Македонија.

Потребите за струја се покриваат преку зголемено производство на хидроелектраните и преку увоз од операторот МЕМО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот