Фото: EPA/Tamas Vasvari

Втор меч за Митревски и Тодоровски сезонава во ракометната ЛШ

Македонската судиска двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ја добија и втората задача оваа сезона во најсилното европско ракометно клупско натпреварување, ЕХФ Лигата на шампионите.

На 8 октомври во Лисабон Митревски и Тодоровски ќе го судат мечот од четвртото коло во групата А помеѓу екипите на Спортинг (Португалија) и Нант (Франција).

Претходно нашите судии сезонава ја делеа правдата на натпреварот од првото коло од групата А помеѓу данскиот Алборг и унгарскиот Веспрем кој го добија домаќините со 32:28.

После три кола во оваа група Спортинг е на четвртото место со четири бодови, додека Нант е на петтата позиција со два.

Во рамките од групата Б македонскиот првак Еурофарм Пелистер во четвртото коло ќе гостува во Полска кај Висла Плоцк, а овој дуел ќе го судат Данците Мадс Хансен и Јеспер Мадсен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот