ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево и ветровито, максимална температура до 16 степени

Сончево време/ Фото: МИА

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од минус три до три степени, а максималната ќе достигне и до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец.

Во следните денови ќе се задржи релативно топло време, а локални врнежи од дожд ќе има од недела. Во петок и за време на викендот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот