
Време е за одлука, УЕФА со краен рок за домашните првенства
Рокот за одлучување е на два дена пред состанокот на Извршниот одбор на УЕФА, на кој ќе одлучува околу што ќе биде со сезоната во Лигата на шампионите и Лига Европа.
Европската куќа на фудбалот одлучи 25 мај да биде краен рок за фудбалските првенства на Стариот континент до кој мораат да одлучат дали сакаат да ја продолжат сезоната или не.
Препорачано
Рокот за одлучување е на два дена пред состанокот на Извршниот одбор на УЕФА, на кој ќе одлучува околу што ќе биде со сезоната во Лигата на шампионите и Лига Европа.
Белгијците наредната недела ќе донесат официјална одлука, Холанѓаните веќе кажаа крај, а без никакви проблеми и натаму се игра фудбал во една европска држава, Белорусија.
Кога се во прашање македонските клубови, и натаму нема одлука кога би започнале со тренинзите, генералниот секретар на ФФМ, Поповски најави дека Првата лига и купот од оваа сезона мора да бидат завршени.
Некои англиски тимови ги отворија своите тренинг центри, но само за индивидуални тренинзи на играчите, додека се очекува наскоро и да стартуваат со групни.
Во Англија се надеваат дека 8 јуни ќе биде датумот кога ќе продолжи сезоната и ја завршат истата на почетокот на јули.