
Време е Русите да преговараат – економијата им е во хаос, а во војната не им оди, вели Венс
Русија мора да седне на преговарачка маса за Украина бидејќи економијата ѝ е во хаос, а во војната не постигнуваат значителен успех или напредок, изјави денеска американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, според „Политико“.
Препорачано
Со оваа изјава, тој ја потврди неодамнешната промена во ставот на претседателот Доналд Трамп кон војната, пишува Политико.
Пресвртот на Трамп кон Русија
„Руската економија е во хаос. Русите не постигнуваат многу на бојното поле. Очигледно е време да го послушаат неговиот страствен апел да седнат и навистина сериозно да разговараат за мирот“, рече Венс во интервју за „Фокс њуз Сандеј“.
Тој додаде дека верува оти промената се должи на „реалноста на теренот, при што Русите убиваат многу луѓе и губат многу луѓе, а немаат многу што да покажат за тоа“.
Пресвртот доаѓа откако Трамп минатата недела за време на прес-конференцијата со украинскиот претседател Володимир Зеленски на Генералното собрание на ОН изјави дека сојузниците на НАТО треба да соборуваат руски авиони што го нарушуваат нивниот воздушен простор.
Тој, исто така, објави дека САД ќе продолжат да снабдуваат оружје на НАТО „за да може НАТО да прави што сака со нив“ и потврди дека Украина не само што може да ја добие војната, туку и да ја врати изгубената територија.