Фото: Магацински простор за чување на книгите во Гостивар / ДЗР

Вреди: Извештајот на Ревизија е директен удар врз ексминистерот за образование на ДУИ

Извештајот на Државниот завод за ревизија за 2023 година е директно „обвинение“ против ДУИ и против поранешниот министер за образование, Јетон Шаќири. Овој извештај јасно го разоткрива нивото на корупција, некомпетентност и криминална неодговорност што владееше во Министерството за образование под раководство на ДУИ, се наведува во соопштението од Вреди.

„Потрошени се 3,4 милиони евра за студентски дом во Тетово кој не функционира, без вентилација, без храна, без минимални услови за студентите. Неплатени студентски кредити од 18 милиони евра, од 1998 година, без никаков напор за нивно решавање. Тринаесет милиони евра за научни книги кои ниту се дистрибуирани ниту регистрирани, едноставно скапале во магацини. 2,9 милиони евра за студенти во странство, без стратегија за нивно враќање и нивно ангажирање во земјата“, се вели во соопштението.

Парите беа фрлени, се додава, младите беа напуштени. Напуштени градежни проекти од 2016 година, за кои се потребни уште 22 милиони евра за да се завршат, црна дупка за државниот буџет, се вели во соопштението на Вреди.

„Ова не се само административни пропусти. Ова е систематска кражба и организиран криминал против образованието! ДУИ ја уништи иднината на помладите генерации и го турна образованието во целосен колапс.

„Но, ова не е единствениот неодамнешен скандал. За кратко време, два негативни извештаја од Заводот за ревизија ги разоткрија злоупотребите на функционерите на ДУИ: Овој извештај за Министерството за образование и за Јетон Шаќири, а и Извештајот за злоупотребите во организацијата на самитот на ОБСЕ во Скопјe, во времето кога Бујар Османи беше министер за надворешни работи, уште еден доказ за неодговорност и недостаток на транспарентност во управувањето со јавните пари.

Вреди бара итна истрага и кривична одговорност за сите оние кои злоупотребиле јавни средства. Никој не е над законот. Времето на кражба во образованието и институциите е завршено. Вреди носи крај на неказнивоста на ДУИ и почеток на вистинска одговорност!“, се вели во соопштението.

ФОТО | Ревизија го разоткри Министерството за образование и наука – милионски долгови, недовршени студентски домови и скапани учебници во магацини

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!