
„Вреди“: ДУИ, СДСМ и Пендаровски планираа да го вратат теророт на Албанците – Груевски
Дритон Сулејмани од владејачката коалиција „Вреди“ на прес-конференција рече дека во март во вилата „Водно“ се сретнале претставници на ДУИ, СДСМ и поранешниот претседател на државата Стево Пендаровски, за да дискутираат план за враќање на поранешниот премиер Никола Груевски од Будимпешта.
Препорачано
-Високи експоненти на ДУИ оркестрираа враќање на поранешниот премиеро Никола Груевски во Скопје. Ова партија, т.н. албанска, тивко работеше за враќање на теророт на Албанците – Груевски, само да го продолжи нејзиното владеење. Сега се обидуваат да го покријат нивниот неуспешен план, но ние ќе зборуваме гласно додека секој граѓанин каде и да живее не ја разбира горчливата вистина што се крие зад амблемот на оваа партија. Во Вила Водно имаше средба за враќање на Груевски. На оваа средба што се одржа во март учествуваа Стево Пендаровски, Димитар Ковачевски, Али Ахмети, Бојан Маричиќ, Артан Груби и Бујар Османи. Али, кој има толкава носталгија за Никола Груевски кој толку многу и нанесе зло на Албанците, нагласи дека истиот може да се врати на два начини, и тоа преку помилување од претседателот на државата или преку „нашите луѓе“ како што кажуваат тие во судовите, рече тој.
Според Сулејмани, Ахмети и ДУИ, за да го спроведат својот план за ослободување на Груевски вршеле силен притисок врз Врховниот суд, „но тука наидоа на отпорот на претседателката на овој суд Беса Адеми против која подоцна беше покрената иницијатива за разрешување како резултат на непослушност кон наредбите“.