Коалиција „Вреди“

„Вреди“: Арсовска молчи и прикрива дивоградба во Сарај

Коалицијата „Вреди“ денеска ја обвини градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за „намерна тишина и соработка со приватни интереси поврзани со бесправната градба во општина Сарај, што се поврзува со актуелниот градоначалник на оваа општина, Блерим Беџети“.

„Госпоѓо Арсовска, не се изјаснивте ниту со еден збор. Дали штитите приватен интерес или личен интерес поврзан со Блерим Беџети? За кого се заколнавте дека ќе работите – за граѓаните на Скопје или за вашиот близок пријател?“, рече Мухамед Елмази од „Вреди“ на прес-конференција.

Тој претстави пет конкретни прашања на кои, според нив, градоначалничката мора итно да одговори:
1. Урбанистичко планирање – Според нив, урбанистичкиот план од 19 септември 2022 година е оспорен. Тие бараат одговор дали постои државна постапка за негова поништување и зошто Градот Скопје не ѝ се приклучил на таа иницијатива.
2. Инспекциски надзор – Елмази побара објавување на записникот од инспекцискиот надзор и името на инспекторот, прашувајќи дали документот се крие и од што се плаши градската администрација.
3. Поништување на градежната дозвола – „Вреди“ бара одговор дали Општина Сарај и Градот Скопје ја поништиле градежната дозвола по оспорувањето на урбанистичкиот план и дали има политички притисоци за изградбата да продолжи.
4. Градење без лиценца – Според изјавата, градежната фирма останала без лиценца, но работите продолжуваат без никаква реакција од надлежните служби.
5. Катастар – „Вреди“ тврди дека Катастарот е информиран за незаконското запишување на објектот и прашуваат дали тоа е избришано или се молчи со цел објектот да стане „факт на терен“.

Коалицијата бара од Данела Арсовска да ги објави сите официјални документи, записници, одлуки и кореспонденција со надлежните институции и да даде јавно објаснување за својот став во врска со случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот