Словенија е прв противник на Македонија на ЕП/ фото: EPA-EFE/Mohamed Abd El Ghany

Врањеш: Македонија е веројатно најлошиот прв ривал кој би можел да го посакаш

Словенија е првиот противник на Македонија во рамките од групата „А“ на Европското првенство кое ќе започне на 13 јануари, а овој натпревар ќе стартува од 18.00 часот во Дебрецин, Унгарија.

Селекторот на најдобрите словенечки ракометари, Љубомир Врањеш е задоволен од подготовките, но воедно знае дека секогаш може подобро.

– Една од нашите главни задачи во последниот дел од подготовките ќе биде да го подигнеме нивото на агресивност во нашата игра, на ова најмногу ќе работиме додека не заминеме за Дебрецин – вели Врањеш, кој заедно со своите најблиски колеги во стручниот штаб, е свесен дека самата епидемиска ситуација ветува многу бурно Европско првенство.

– Сегашната ситуација е многу невообичаена. Во овие околности, многу е тешко да останеме целосно фокусирани и фокусирани на нашата работа, но можам со сигурност да кажам дека подготовките за овогодинешниот турнир во Унгарија и Словачка се многу потешки отколку за минатогодишното Светско првенство во Египет – се зборовите на словенечкиот селектор.

Тој смета дека Македонија игра со срце за својата земја на натпреварите, и дека дуелот за пет дена ќе биде тежок.

– Силна е македонската репрезентацијата, на секој меч играат со емоции, со сето срце, многу се горди. Тоа е најголемата опасност за нас, а тие секогаш се опасни на првите натпревари. Имаат добар тим, но и ние. Тие се веројатно најлошиот прв противник што би можел да го посакаш. Свесни сме за ова и се подготвуваме за тоа – вели Врањеш во интервјуто за „Сиол.нет“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот