Дивата депонија во Кичево

Вработени во ЈП „Комуналец Кичево“ повикани на разговор, одлагале отпад на дива депонија

Полицијата од ОВР Кичево, постапувајќи по пријава од граѓани, во врска со работата на дивата депонија во кругот на поранешниот Керамички комбинат „Вранешница“ во Кичево, на разговор повикаа девет лицата вработени од ЈП „Комуналец“ од Кичево.

Истите биле затекнати како одлагаат отпад на дивата депонија, а на разговор дополнително бил повикан и директорот на ЈП„Комуналец“.

Известен е надлежен ЈО по чии што насоки се работи на целосно расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот