Вработена во тетовската болница снимала пациентка, видеото го објавила на социјалните мрежи

Фото: Слободен печат

Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 20 часот и 10 минути ја лишиле од слобода 46-годишната А.А. од тетовска Брвеница, која претходно била пријавена од 47-годишниот И.Б. од тетовско Слатино дека во тетовската Клиничка болница, каде била вработена, неовластено ја снимила неговата мајка која била хоспитализирана на едно од одделенијата.

„Снименото, потоа го објавила на социјални мрежи. Задржана е во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот“, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Инаку„ТикTок-анестезиологот“ кој работеше на Одделението за гинекологија во тетовската Клиничка болница и во живо на социјална мрежа емитуваше пациентки во најранливите периоди од лекувањето, Валтон Дервиши, пред седим месеци беше осуден на 15 месеци затвор.

Лекарската комора му ја одзеде лиценцата за работа за период од седум години поради тоа што ја нарушил довербата меѓу пациентот и лекарот.Тој пред судот призна вина и им се извини на пациентките. Анестезиологот Дервиши се товареше за кривичните дела „несовесно работење во службата“ и „неовластено снимање“

Министерот за здравство само начул дека анестезиологот на работа одел под дејство на наркотици

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот