Фото: Телеграм

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Руско гранатирање на кафуле и продавница во источна Украина, најмалку 48 жртви

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека 48 жители на селото Гроза кај Купјанск загинале кога била гранатирана цивилна зграда.

Меѓу жртвите наводно има и деца.

„Ракетен напад на цивилна зграда на обична продавница, апсолутно одвратен терористички напад! Областа Купјанск во регионот Харков. Во моментов знаеме за 48 загинати. Моето срце е со секој што ги изгубил блиските. Се надеваме дека ќе им помогнеме на повредените. Рускиот терор мора да престане. Секој што ја поддржува Русија го поддржува злото. Овој и слични терористички напади ѝ се потребни само на Русија за нејзината геноцидна агресија да стане нова норма за целиот свет,“ порача претседателот на Украина на својот канал Телеграм.

И шефот на претседателскиот кабинет Андриј Јермак ја потврди ужасната трагедија

„Русите пукаа кон цивилен објект. Познато дека загинале 48 лица, меѓу нив имало и шестгодишно момче. Се знае дека и шестмина се ранети. Продолжува чистењето на урнатините“ вели Јермак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот