ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Хулигани брутално претепаа судија, фудбалерите до него ја славеа победата

Фото: Screenshot

Страшна сцена беше видена во натпреварот помеѓу Тангањика и Ренесанс во Купот на Конго.

Натпреварот заврши со победа на Тангањика, меѓутоа натпреварот се најде во центарот на вниманието поради нападот кој го имаа гостинските навивачи кон судијата.

Хулиганите влегоа на теренот и незадоволни што судијата не досудил пенал во регуларниот дел од натпреварот брутално го нападнаа. Судијата по ударите на теренот тргна да бега во соблекуваулната, но поради добиениот удар во главата се онесвестил во соблекувалната.

Медиумите пренесуваат дека тој сега е на интезивна нега и се бори за живот. Посебно е неверојатно што на видеото на кое се гледа како едно лице му укажува помош на судијата фудбалерите на Тангањика веднаш до него ја слават победата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот