ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Фудбалер загина по удар на гром во Индонезија

Фото: Screenshot

Tрагедија се случи во Индонезија за време на натпреварот помеѓу локалните тимови на Бандунг и Субанг откако од удар на гром загина фудбалерот Септиан Рахарја.

Од силината на ударот настрадале и двајца соиграчи на 34-годишниот Рахарја, но тие поминале само со повреди. Локалните медиуми пренесуваа дека Рахарја давал знаци на живот по ударот од гром, меѓутоа починал откако бил пренесен во болница.

Инаку, ова е вторпат гром да удри фудбалер во Индонезија. Претходно тоа се случи на млад фудбалер од Источна Јава во натпревар на екипи до 13 години. Тогаш за разлика од несреќниот Рахарја, младиот фудбалер го преживеа ударот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот