ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | 17-годишно момче почина за време на борба во Казахстан

Фото: Screenshot

Tрагедија се случи изминатиот викенд на ММА турнир во Казахстан каде што среде борба животот го загуби 17-годишниот Канат Ахунов.

Ахунов бил удрен во стомакот во втората рунда по што веднаш падна на земја, а брзата помош по пристигнувањето можела само да констатира смрт.

Помош на младиот борец му укажувале и медицинските работници на турнирот, но за жал не успеале да го спасат. Непосредно пред да изгуби свест, во разговор со својот тренер потврдил дека сака да ја продолжи борбата.

„Дојде до мене го извади штитникот и кажа дека не му е добро, а јас му дадов вода. Го прашав дали сака да продолжи, тој кажа „да“. Трипати вдишуваше и издишуваше и падна по околу 20 секунди. Ударот од противникот беше во фаза на паѓање, се гледа на видеото, тој не падна од ударот. Веднаш дотрчавме и му ја извадивме кацигата, мислевме дека го голтнал јазикот, но се беше на свое место. Докторите констатираа срцев удар“, изјави неговиот тренер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот