
ВОЗНЕМИРУВАЧКА ФОТОГРАФИЈА | Деца малтретирале штрк во Гевгелија, го прегазиле со велосипеди
Група малолетници во Гевгелија се изживувале над штрк. Како што пренесуваат сведоци на настанот, децата со велосипеди крвнички го прегазиле штркот и му го скршиле крилото.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Инциднетот предизвика осуда и остри реакции на социјалните мрежи. Револтирани граѓани кои биле сведоци на инцидентот, до нашата редакција испратија фотографии од повреденото животно.
„Еве овде се штрковите, по цел ден шетаат слободно и во 4 попладне си влегуваат сами во дворот, не знам од каде и зошто таа агресија со 4 велосипеди крвнички да претепаш заштитена птица со закон“, вели гевгеличанка која се грижела за младото штркче и ги прати фотографиите до „Слободен печат“.
Повреденото штркче, како што вели, било прегледано од ветеринар и прима инјекции.
Реакција за инцидентот стигна од „Анима мунди“, од каде соопштија дека се работи за страшно малтретирање и повредување штрк од страна на деца. Оттаму бараат итна реакција од надлежните институции.
„Според сведочења на очевидци, кои велат дека постојат и видеоснимки од безбедносни камери, се потврдува дека се работи за свесен и суров чин на насилство врз диво и кревко младо животно, што завршило со сериозни повреди. Овој настан не смее да помине незабележано, ниту неказнето. Насилството врз животните мора јасно да се препознае и третира како психопатологија и сериозна социјална девијација. Децата што извршиле ваков чин се жртви на општествената незаинтересираност и на игноранцијата, но и потенцијален ризик за себеси и околината доколку не бидат веднаш опфатени со психолошка и воспитна интервенција“, велат од „Анима мунди“.
„Детална истрага и одговорност од родителите и/или старателите; Психолошка проценка и работа со децата кои учествувале во чинот; Активирање на сите законски механизми за заштита на животните; Јавна осуда на настанот од образовните институции и локалната самоуправа.
Нема оправдување за насилство, ниту пак изговор за молк. Секоја форма на насилство мора да се превенира, осуди и санкционира. Затоа што оној кој денес малтретира животно – утре ќе повреди човек“, предупредуваат од Анима мунди.