Загадување, жена со маска / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Воздухот во Центар и Лисиче најзагаден

Изминатава ноќ повторно е забележано екстремно загадување во повеќе општини, а утрово воздухот во главниот град е со најлош квалитет во Лисиче, Центар и Гази Баба, покажуваат податоците на специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот Waqi.

Низ Македонија, критично уште во утринските часови е загадувањето во Кичево, Охрид, Битола, Тетово и Куманово.

Високите вредности на загадувањето, според експертите, имаат сериозен ефект на здравјето на граѓаните, особено во зимските месеци кога се зголемува употребата на горива и грејни тела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот