Фото: Слободен печат

Возачите реагираат за Коридорот 8: Ни ветуваа брда и долини, автопатот Тетово – Гостивар е заборавен три децении

Автопатот Тетово-Гостивар кој во пракса не е автопатска делница изграден пред речиси три децении заборавен од властите. Со дупки и вдлабнатини, без заштитна ограда, со само две коловозни ленти.

Делницата е долга 26 километри, но ниту еднаш не е реконструирана. На повеќе места нема заштитна ограда, а поради ризиците од сообраќајки, максималната брзина на возење е до 80 километри на час.

Сообраќајницата е изградена пред речиси 3 децении, но таа ниту еднаш не е целосно реконструирана.

Фото: Слободен печат

И покрај катастрофалната состојба, возачите мора да плаќаат патарина за влез и излез од оваа собраќајница

Фото: Слободен печат

Тие се скептични дека коридорот 8 каде поминува Автопатот Тетово- Госивар ќе се реализира.

„Да се грижеа за патиштата, досега барем ќе ја реконструираа оваа делница. Видете на што личи оваа делница. Ветуваа брда и долини, а тоа што е изградена по нашето осамостојување, не сакаат да го одржуваат , а камоли да изградат нешто друго. Се` е ова маркетинг на власта“, вели еден возач кој го затекнавме на автопатот Тетово-Гостивар, пред наплатаната рампа за влез во Тетово.

„Сакам еве јавно да ги прашам тие што ветуваа дека ќе се изгради долгонајавуваниот Коридор 8, зошто досега не се одржуваше барем постојната сообраќајна инфраструктура? Од Тетово до Струга се катастрофални патиштата. Тие да се грижеа ќе ги одржуваа и постојните, каде ги кршиме возилата, а плаќаме патарина, но исто и дополнително плаќаме кога ги регистрираме возилата, нели ни се земаат и средства за одржување патишта“, вели еден возач од Струга.

„За велигденските празници бев во Романија, таму нема патарина. Платив за цела недела за користење на патиштата околу 200 денари и тоа за користење на автопатишта, а овде плаќаме патарина и до 600 денари за да отидеш во некој град во источна Македонија за еден ден толку пари, тоа е срамота. Тука пак во полошко уште поужасно е, плаќаш патарина, а се возиш по селски патишта“, додава друг возач од Тетово.

Минатата година Секторот за внатрешни работи Тетово вкупно има регистрирано 80 сообраќајни несреќи кои се случиле на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје. Најголемиот број од несреќите биле само со причинета материјална штета, а само неколку со телесно повредени лица.

Овие „сообраќајки“ претежно ги предизвикале кучиња скитници кои неконтролирано се движеле по коловоз, а кои претходно влегле преку оштетената заштитна жичана ограда или постојните надвозници долж автопатските ленти на потегот од Гостивар до Тетово.

Покрај ова, десетина од несреќите биле предизвикани од диви животни како мечка, свиња, зајаци, срна и други. Најмногу од несреќите се случиле во доцните вечерни или раните утрински часови во близина на постојните клучки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот