
Возачите на една марка автомобили прават убедливо најмногу прекршоци
Германскиот портал за споредба Verivox спроведе сеопфатна анализа на сообраќајните прекршоци, чии резултати беа ексклузивно објавени во весникот Bild- пренесе Каматица.
Анализата имаше за цел да утврди кои возачи, марки и модели на автомобили се најнедисциплинирани во сообраќајот. Студијата вклучуваше податоци собрани во текот на изминатите две години за 30-те најчесто осигурени марки на автомобили во Германија, откривајќи јасни шеми во однесувањето на возачите.
Препорачано
На самиот врв на листата на прекршители е луксузниот бренд „порше“. Возачите на моделот од Штутгарт имаат дури 65 проценти повеќе казнени поени од просекот на сите анализирани марки. По нив следуваат „тесла“, „шевролет“ и „волво“. Од друга страна, има и такви кои се издвојуваат по своето примерно однесување. Најсовесни возачи се сопствениците на автомобили „хонда“, кои собираат 28 проценти помалку поени од просекот. По нив следуваат возачите на „киа“ (-25 проценти) и „сузуки“ (-24 проценти). Кога анализата се стеснува на поединечни модели на автомобили (опфатени се 100-те најпродавани), правилото останува исто: колку е поспортски и поскап автомобилот, толку се посклони неговите возачи кон прекршоци.
Апсолутен „победник“ во оваа категорија е „аудо A5“, чии возачи имаат дури 87 проценти повеќе казнени поени од просекот. За разлика од нив, возачите на „мазда CX-5“ се највнимателни, со 47 проценти помалку казнени поени. По нив следуваат „мицубиши спејс стар“ (-39 проценти) и „хонда џез“ (-36 проценти).
Зошто возачите на скапи автомобили ги кршат правилата?
Аљоша Зилер, директор на Verivox, ги коментираше резултатите:
– Одредени видови возила привлекуваат спортско ориентирана целна група, што потоа се рефлектира во нивниот стил на возење- вели тој.
Сепак, тој додава дека моделот на автомобилот не е единствениот фактор. Возачите на поскапи и помоќни автомобили често се деловни луѓе кои поминуваат многу време на патот.
– Оние кои патуваат многу километри имаат статистички поголем ризик да направат грешка и да заработат казна, и токму тоа го гледаме во нашите податоци – заклучува Цилер.