Фото: илустрација / Слободан Ѓуриќ / Слободен печат

Возач на тротинет удрил пензионерка во Тетово и избегал, оставајќи ја тешко повредена

Возач на електричен тротинет удрил во 76-годишна жена вчера во Тетово, по што избегал од местото оставајќи ја тешко повредената жена, соопшти МВР.

„На 25.09.2025 околу 14:35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на ул.„Горна чаршија“ во Тетово, електричен тротинет удрил во пешакот И.Ф.(76) од Тетово, по што возачот со тротинетот го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.Ф., констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот