Илустрација / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Возач-Американец се судрил со мотор „БМВ“ во Бардовци, мотоциклистот е тешко повреден

Автомобил „Нисан“, возен од Американец со привремен престој во земјава, вчера се судрил со мотор „БМВ“ во скопското село Бардовци, при што е тешко повреден 26-годишниот мотоциклист, велат од МВР.

„На 03.08.2025 во 18:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„2“ и сервисна улица во с.Бардовци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан кашкаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.М.В.(36) од САД, со привремен престој во Скопје и мотоцикл „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.А.(26) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.А., констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот