Аника и Анастасија - Фото - Слободен печат / Методи Здравев
Аника и Анастасија - Фото - Слободен печат / Методи Здравев

🎙️ВИДЕО Вонредно издание на Митови и факти | Кој е следен: Сами се финансираме и немаме врски со партии

Во вонредното издание на Митови и факти, посветено на реакциите поврзани со катастрофалната трагедија во Кочани, каде животот го загубија 59 лица, а повеќе од 150 се полесно и потешко повредени, гостуваат Аника Ралева и Анастасија Митревска, претставнички на граѓанската иницијатива „Кој е следен“.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕО ПОТКАСТОТ: ⬇️

Оваа иницијатива стоеше зад протестите коишто непосредно по трагедијата почнаа да се одржуваат во Македонија. Аника и Анастасија тврдат дека нивната иницијатива е неформална и дека самите се финансираат. Двете се децидни дека политика не ги интересира и дека немаат никаква поврзаност со ниту една политичка партија или невладина организација.

Тие се млади, амбициозни и како што самите велат, сакаат да живеат во поубава и побезбедна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот