Следете во живо: Вонредна прес конфренција на МВР за апсењето на Љупчо Палевски Палчо

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски закажа вонредна пресконференција во 22 и 30 часот. Претходно дел од медиумите објавија дека првоосомниениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо е уапсен на граничен премин.

Претходно вечерва беше уапсен 46-годишен скопјанец, кој како што соопшти обвинителството, го превезувал Палевски преку Бугарија до Турција, со што му помогнал да побегне од државата.

И другите осомничени вечерва беа донесени во Кривичниот суд, каде судија на претходна постапка ќе треба да одлучи по предлогот на обвинителството за продолжување на мерката притвор.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот