„Волстрит џурнал“: Зголемување на производството на вакцини на „Џонсон&Џонсон“ во Европа

Производителот на лекови „Каталент“ (Catalent Inc) планира голема експанзија на производството на вакцини против ковид-19 во Европа, со што ќе овозможи и повеќе дози од вакцината на „Џонсон&Џонсон#, велат извори запознати со ова прашање, јави „Волстрит џурнал“.

„Каталент” ќе воведе и втора линија за производство на вакцини на „Џонсон&Џонсон“ во својата фабрика во Анањи, Италија, во текот на четвртиот квартал. Проширувањето има потенцијал да го удвои производството на вакцините против ковид-19, пренесува весникот, повикувајќи се на свои извори.

Зголеменото производство треба да помогне во зајакнувањето на снабдувањето со вакцини против ковид-19 во Европската Унија (ЕУ), што е попречено од доцното потпишување на договори, проблеми со испорака и тешкотии при дистрибуција во некои земји-членки.

Европските регулатори неодамна ја одобрија вакцината „Џонсон&Џонсон“, иако дистрибуцијата не се очекува да започне до следниот месец, посочува „Волстрит џурнал“.

„Џонсон&Џонсон“ се согласи да ѝ обезбеди 200 милиони дози на ЕУ во оваа година, а ЕУ има можност да купи уште 200 милиони. Компанијата соопшти дека е уверена дека ќе ја исполни целта за цела година.

„Волстрит џурнал“ посочува дека „Џонсон&Џонсон“ одбиле да коментираат за најавата за поголемо производство на вакцини во Европа.

Инаку компанијата „Каталент“ се согласи да купи објект за производство во Италија во 2019 година, а во јануари 2020 стана сопственик. Во текот на изминатата година го адаптираше просторот за да помогне во производството на вакцини против ковид-19. „Каталент“ во моментот учествува во производството на вакцината развиена од „АстраЗенека“ и Оксфорд.

Производството на вакцини на „Џонсон&Џонсон“ се очекува да почне на почетокот на вториот квартал, наведува „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на свои извори од компанијата. „Каталент“ очекува со текот на времето да произведува стотици милиони дози вакцини против ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот