EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA

Волф е завидлив: Рекордот на Верстапен е за Википедија, никого не го интересира тоа

Возачот на Ред бул по победата во Монца стана рекордер со најмногу победи во низа (10) во историјата на Формула 1. За шефот на Мерцедес тоа не е значајно остварување

Директорот на тимот на Мерцедес, Тото Волф, не можеше да се воздржи од зајадливи зебелешки по новиот светски рекорд во Формула 1 на Макс Верстапен за најмногу победи во низа, велејќи дека таквите подвизи не го интересираат никого.

Возачот на Ред бул Верстапен победи во Монца на ГН на Италија со што ја забележа својата десетта победа во низа. Сега тој е единствениот возач во историјата на Формула 1 кој го постигнал овој подвиг, соборувајќи ги рекордите на Себастијан Фетел од 2013 година и на Алберто Аскари од 1952 и 1953 година од девет победи во низа.

Сепак, Тото Волф, чиј тим беше трет најбрз во Монца, смета дека овој рекорд е само за во книгите за рекорди што никој всушност не ги чита. Во изјава за Скај спортс, тој рече дека не се интересира за рекордите.

EPA-EFE/Daniel Dal Zennaro

– Не знам дали нему му е грижа за рекордите. Тоа не е нешто што би било важно за мене, бројки. Тоа е за Википедија и онака никој не го чита – вели Волф.

Верстапен и Ред бул се непобедливи сезонава во Формула 1, а Мерцедес е далeку од резултатите што ги постигнуваше пред неколку сезони кога доминираше во Ф1 и никако не успева да се врати на старите патеки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!