
Војвотката од Кембриџ во самоизолација, откако имала контакт со лице заразено со ковид-19
Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон е во самоизолација откако стапила во контакт со лице кое било позитивно на ковид-19, објавила палатата Кенсингтон.
Препорачано
Војвотката од Кембриџ била во толпата на тениските мечеви на „Вимблдон“ во петокот, иако не е откриено дали тогаш се случил контактот. Кејт не била позитивна на тестот за ковид-19 и во моментов не покажувала никакви симптоми, потврдија од палатата.
„Минатата недела војвотката од Кембриџ стапила во контакт со некој кој последователно бил позитивен на ковид-19“, стои во изјавата од палатата објавена во „Newsweek“. „Нејзиното кралско височество нема никакви симптоми, но ги следи сите релевантни владини упатства и е во самоизолација“.
Yesterday I received my first dose of the COVID-19 vaccine at London’s Science Museum. I’m hugely grateful to everyone who is playing a part in the rollout – thank you for everything you are doing. pic.twitter.com/h427iT0n4x
— The Duke and Duchess of Cambridge (@KensingtonRoyal) May 29, 2021
Војвотката ќе мора да се изолира десет дена, што значи дека ќе пропушти повеќе настани периодов. Таа ја примила вакцина против коронавирусот во мај во „Музејот на Наука“, во Лондон, и го искористила профилот на „Твитер“ за да им се заблагодари на здравствените работници.
Во тоа време, таа напиша: „Вчера ја примив мојата прва доза на вакцината. Јас сум им многу благодарна на сите што имаат удел – благодарам за сè што правите“.