Војдан Стојановски и Данкерк го доживеаја и вториот пораз во францускиот шампионат

Капитенот на македонската кошаркарската репрезентација Војдан Стојановски и неговиот тим Данкерк го доживеаја вториот пораз во второто коло во францускиот шампионат.

Овој пат Данкерк е поразен од екипата на Лимож со 65:77.
Гостинските кошаркари уште во првата четвртина покажаа кој е фаворит на овој натпревар оставајќи го Данкер на само девет постигнати поени. Играчите на Лимож сите дилеми околу победникот ги решија во третата четвртина која ја собија со 23:16 во последниот период влегоа со предност од 20 поени.
Војдан Стојановски натпреварот го заврши со седум постигнати поени и два скока и една асистенција за 14 минути игра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!