Фото: Инстаграм

Водителката Хелена Роза го прослави 43-от роденден во Нов Зеланд! (ФОТО)

Веќе неколку години, поранешната водителка Хелена Роза заедно со семејството живее и работи во Нов Зеланд.

Таа е често присутна на социјалните мрежи, од каде дознаваме за нејзините активности далеку од родната земја.

Меѓутоа, Хелена сега имаше посебен повод за славење, а токму на нејзина адреса пристигнаа голем број на  честитки.

Фото: Инстаграм

Имено, убавата Хелена вчера го прослави својот роденден и откри дека полни 43 години.

Фото: Инстаграм

На нејзина адреса се нижеа честитки од пријатели, следбеници, роднини, а најемотивна меѓу нив беше честитката од ќерката Кјара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот