
Водечкиот оперски драмски сопран во Македонија и Македонската опера, Весна Ѓиновска Илкова денеска полни 53 години
Македонската позната оперска пејачка Весна Гиновска-Илкова е родена на 2 април 1972 година во Скопје. Дипломирала соло пеење на Факултетот за музичка уметност (1994) во Скопје, а магистрирала на Белградската музичка академија.
Препорачано
Весна дебитирала на оперската сцена на МНТ во 1996 година со улогата на Микаела во операта „Кармен“ во која настапила со рускиот тенор, Сергеј Дубровин и била првенка на операта на МНТ. Истата година била ангажирана како постојан член на оваа музичка институција.
Првиот меѓународен настап го имала во 1998 година на меѓународниот натпревар „Борис Христов“, каде се претставила со улогата на Елизабета во операта „Дон Карло“. Настапила и на повеќе познати сцени ширум светот, а во 2014 година одржала рецитал во Њујорк. Како признание на нејзините успеси, Стопанската комора на Македонија ја прогласила за почесен амбасадор на културата во Република Македонија. Во својата кариера, имала повеќе главни улоги меѓу кои:
Леонора (Трубадур), Флорија Тоска (Тоска), Аида Дона Леонора (Моќ на судбината), Чо-чо-Сан (Мадам Батерфлај), Лиу (Турандот), Дездемона (Отело), Мими (Боеми), Ирена (Кирил Македонски, „Цар Самуил“) и Лидија (Ристо Аврамовски, „Лидија од Македонија“).
Весна е водечки оперски драмски сопран во Македонија и Македонската Опера во последните 25 години певица со софистицирано пијано, беспрекорна вокална техника, огромна музикалност, харизма и силно сценско присуство. Гостувала во повеќе европски земји (Бугарија, Србија, Словенија, Хрватска, Данска, Германија, Италија, Франција).