Фото: ЈП „Водовод и канализација“

Водата од водоводот „Лукар“ е заматена поради дождовите, од ЈП „Комуналец“ советуваат да се преврива

Заматена е водата од регионалниот водовод „Лукар“ поради дождовите, треба да се преврива, информираа синоќа од јавното претпријатие „Комуналец“ во Кавадарци.

– Поради обилните дождови на локацијата каде што се наоѓаат изворите Лукар, дојдено е до заматување на водата. Се препорачува во следните 24 часа водата од градскиот водовод која се користи за пиење да се преврива – појаснија од комуналното претпријатие.

Во текот на вчерашниот ден, од претпријатието известија дека поради обилните врнежи од дожд и снег што го зафатија локалитетот на изворите Лукар, конкретно Стара река, дошло до енормно зголемување на дотокот на вода и поради таа состојба се намалил дотокот на вода на одредени места во градот. Како последица на тоа, на одредени локации во градот дошло до намалување, а некаде и до прекин во водоснабдувањето до крајот на вчерашниот ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот