
Во замокот Ејлен Донан пронајден алат од 13. век: Нуди фасцинантен увид во животот на средовековните жители на Шкотска
Во еден од најпознатите шкотски замоци, Ејлен Донан, за време на археолошките истражувања беше откриен необичен предмет од 13. век – гравоар, предмет за обликување коса, соопштија Националните музеи на Шкотска. Гравоарот е изработен од рог на локален црвен елен и украсен е со фигура со качулка и книга.
Препорачано
Тој е еден од три примероци од ваков тип во Обединетото Кралство. За разлика од повеќето гравоари кои се прават од слонова коска, овој е уникатен пример на европски стил создаден од локални материјали. Се користел за прецизно делење и обликување на косата, инспириран од средновековните модни трендови во Франција.
Ејлен Донан, популарен и како локација во филмовите „Горштак“ и „Светот не е доволен“, бил важен центар на моќници и стратешки изграден на спојот на три големи езера. Предметот е дел од поголема археолошка колекција на музеи која датира од 13. и 14. век и ги прикажува различните аспекти на животот во замокот – од гозби, музика и лов до игри и бродски активности.
Во колекцијата се вклучени и накит, украси, делови од игри, керамички садови и инструменти, музички инструмент кој создавал звучни ефекти. Некои животински коски со дупки веројатно служеле како играчки за децата.
„Овој извонреден гравоар ни покажува како елитата на Ејлен Донан следела модни трендови, но колекцијата открива многу поширока слика на животот во 13. и 14. век. Можеме да замислиме како луѓето во замокот го поминувале денот – обликувајќи коса, работејќи во ковачница или создавајќи едноставни играчки за деца. Овој увид е уникатен и ретко може да се забележи при изучувањето на средновековна Шкотска“, изјави д-р Алис Блеквел.
Ејлен Донан до 1650. година бил лошо одржуван, а до 1714. година бил без кров и напуштен. Во 1719. година, го користеле како складиште, по што бил бомбардиран од британски бродови, а подоцна целосно разурнат од британските трупи. Замокот останал во рушевини до амбициозната кампања за обнова на почетокот на 20. век, која го трансформираше во замокот кој денес го познаваме.