тука вакцина турковак
Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Во Турција побарана дозвола за итна употреба на домашната вакцина Турковак

Министерот за здравство на Турција, Фехратин Коџа денеска изјави дека е побарана дозвола за итна употреба на домашната вакцина против Ковид-19, Турковак од Турската агенција за лекови и медицински средства (ТИТЦК).

Турковак е вакцина развиена од турското Министерство за здравство, Турскиот здравствен институт и Универзитетот Ерџијес, при што се завршени првата и втората фаза на испитување, а третата фаза е при крај.

– Се надеваме дека до крајот на годината вакцината ќе биде во широка употреба. Сакам нашата вакцина да биде корисна за нашата земја и целиот свет, посочи Коџа.

И претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган повеќе пати најавуваше дека турската вакцина против ковид-19 ќе ја сподели со целиот свет.

Во Турција досега се аплицирани околу 120 милиони дози вакцина против ковид-19, а се употребувани вакцините на Фајзер/Бионтек и Синовак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот